Станбен Управител ВЕЛ-ДОМ во месец август, во соработка со станарите и претставникот од Станбениот Објект на ул:Славко Ѓоргиев Сватот бр.3/1 изврши целосна трансформација на внатрешниот изглед на Зградата и тоа:
- Стариот и срушен оџак се изѕида и се отпуши.
- Се изврши белење и фарбање на цокле на целиот станбен објект.
- Се наместија нови нумерирани сандачиња согласно прописите дадени од А.Д Пошта на Р.С.М.
- Се постави нова огласна табла.
- Се отстрани старата и нефункционална влезна врата и се намести нова ПВЦ врата за поголема изолација.
- Се постави ново осветлување во цел станбен објект со ЛЕД светла.
- Се постави ново осветлување во цел станбен објект со ЛЕД светла.
Ве оставаме сами да се уверите во промената на изгледот на Станбениот Објект преку фотографиите од пред и потоа.
Ги повикуваме сите корисници на нашите услуги кои имаат свои идеи за трансформација на својот Станбен Објект да ги достават нивните предлози до нашите канцеларии како би можеле заеднички да го подобриме местото на живеење на сите.
Заедничкиот труд секогаш дава резултати.
Ви благодариме на довербата.
Со почит,
Ваш Станбен Управител Вел – Дом