ВЕЛ-ДОМ

Консалтинг

За нашиот успех и широк спектар на услуги зборува и фактот што ДТКУУ ВЕЛ ДОМ ДООЕЛ Велес активно зема учество во изработка на функционалните анализии систематизацијата на работните места во државните претпријатија, односно секторот на услуги на нашата компанија се проширува и во делот за Консалтинг, со изработени и одобрени над 20 функционални анализи.

Ни овој успех не е случаен, тимот на ДТКУУ ВЕЛ ДОМ ДООЕЛ Велес – Консалтинг го сочинува лиценциран и обучен кадар од областа на правото и економијата.

За дополнително да Ве увериме што се’ има постигнато нашата компанија во овие 2 години постоење, сакаме да Ве известиме дека Ви нудиме и можност за изработка на планови за евакуација како и план за заштита и спасување. Исто така нудиме и услуги од областа на работните односи, односно Ви нудиме и помош при изработка на актите кои ги опфаќаат работните односи, како Договори за вработување, волонтерски Договори, Договори на дело, Решенија за јубилејни награди, Решенија за годишни одмори, Решенија за изрекување санкции, Спогодби за раскинување на Договори за вработување, Анекс-Договори за вработување, како и Одлуки со отказен и без отказен рок.

Задоволни клиенти се нашиот прв приоритет, па за таа цел на располагање Ви е нашиот тим, составен од успешни и ефикасни вработени, кои се подготвени за соработка, критики и предлози

Дозволете ни да бидеме дел од Вашиот успех.