Друштвото за трговија, консалтинг, услуги и управување ВЕЛ-ДОМ ДООЕЛ Велес, нуди помош за изработка на правилници за заштита од пожари и експлозии и опасни материи, планови за заштита и спасување, планови за заштита од пожари, шеми за евакуација и изработка на процени на загрозеност од природни непогоди и други несреќи во оваа област имаме ангажирано лице со 28 годишно работно искуство.
(“Службен весник на Р.М“ бр.36/2004, 49/2004, 86/2008, 85/2009, 124/2010, 18/2011, 41/2014, 129/2015, 71/2016, 106/2016, 83/2018) Обврските кои произлегуваат од овој закон се дефинирани во членот 39 од гореспоменатиот закон, според кој субјектите кои се наведени во насловот, се должни во зависност од бројот на вработените, видот на дејноста, застапеноста на опасни материи во процесот на производство, локацијата и другите услови значајни за заштитата и спасувањето, да донесат и изработат процена на загрозеност и план за заштита и спасување. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи за потребите на трговските друштва во согласност со членот 11 став 3 за потребите на трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби, ја донесува органот на управување на истите. Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи во согласност со член 13 став 2 за гореспоменатите субјекти го донесува органот на управување на истите. Во согласност со член 14 став 1 неопходно е пред донесување на плановите од страна на органот на управување, истите да се достават до подрачното одделение за заштита и спасување заради добивање на мислење. Исто така во согласност со член 75 став 2 од овој закон, субјектите се должни да донесат правилник за заштита од пожари и експлозии на кој Согласност дава дирекцијата за заштита и спасување.
На документите кои треба да ги имаат изготвено и усвоено носителите на заштитата и спасувањето
Општи карактеристики на објектот
Процена по мерките на загрозеност
Мерки за заштита и спасување
Мерки за подготвеност на силите за заштита и спасување
Мобилизација на силите за заштита и спасување
Ангажирање на силите за заштита и спасување
Заеднички документи
Посебни документи
Правилникот за заштита од пожари и експлозии се изработува врз основа на Упатството за содржината на Правилникот за заштита од пожари и експлозии на сите институции и правни лица (“Службен весник на РМ“ бр.80/2011 год.).
Член 75
Државните органи, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, јавните установи, трговските друштва, трговците поединци и други правни лица, во согласност со закон се должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати.
Субјектите од ставот 1 на овој член се должни да донесат правилник за заштита од пожари и експлозии на кој согласност дава Дирекцијата. Содржината на правилникот за заштита од пожари и експлозии од ставот 2 на овој член ја пропишува директорот на Дирекцијата. Уредите, инсталациите, опремата и средствата од ставот 1 на овој член, задолжително треба да се наоѓаат на одредени места, да се одржуваат во исправна состојба, да бидат посебно обележани и секогаш достапни за употреба, согласно со закон.
Член 153
Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако не постапи согласно со одредбите од членот 75 на овој закон.
Член 11
Планот за заштита и спасување од членот 10 на овој закон се изработува врз основа на Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи на територијата на Републиката ја донесува Владата на Република Македонија. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи за подрачјето на општината ја донесува советот на општината, односно Советот на Градот Скопје. Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи за потребите на трговските друштва, јавни претпријатија, установи и служби ја донесува органот на управување во истите.
Член 153
Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако не постапи согласно со одредбите од членот 11 на овој закон.
ДТКУУ ВЕЛ ДОМ ДООЕЛ Велес е лиценцирана компанија чија главна дејност е управување со станбени објекти како и нивно тековно одржување.
© 2024 VelDom Сите права се задржани