ВЕЛ-ДОМ

За нас

КОИ СМЕ НИЕ

ДТКУУ ВЕЛ ДОМ ДООЕЛ Велес е лиценцирана компанија чија главна дејност е управување со станбени објекти како и нивно тековно одржување.

Со над 70 станбени објекти во наша надлежност и над 1.800 задоволни корисници, нашата компанија е Вашето најефикасно решение за Вашиот станбен објект.

ЦЕЛИ

КВАЛИТЕТОТ ДОАЃА ПРВ

100%

ЕФИКАСНОСТ

100%

ТОЧНОСТ

100%

ПОСВЕТЕНОСТ

2

Години искуство

1800+

Задоволни корисници

70+

Стамбени објекти

200+

Завршени проекти

Нашата понуда за станбено управување опфаќа широк спектар на услуги, почнувајќи од тековно одржување на надворешниот изглед, до хортикултурно уредување на дворното место, како и молеро-фарбарски услуги, изработка, монтажа и нумерација на поштенски сандачиња, одржување на водоводните линии, одржување на расветата во заедничките простории, комунални услуги, чистење на кровни и недостапни површини, чистење и одрќување на стаклени фасади, одржување на лифтови, одржување и тековна контрола на оџаци и вентилации во согласност со Правилникот за Заштита и Спасување, еднократно чистење на деловни простории на барање на клиенти, тековно одржување на хигиена во трговски центри, промена на влезни врати и промена на прозорци, санација, одржување и промена на кровови како и подмирување на обврските спрема трети лица и обезбедување на правна заштита.

Доколку и Вас Ви претставува проблем чекањето во долгите колони пред банките и поштите, надоместокот за нашите услуги можете да го подмирите и електронски на нашата веб-страна, брзо и едноставно – без чекање, колони и без провизии.

За нашиот успех и широк спектар на услуги зборува и фактот што ДТКУУ ВЕЛ ДОМ ДООЕЛ Велес активно зема учество во изработка на функционалните анализии систематизацијата на работните места во државните претпријатија, односно секторот на услуги на нашата компанија се проширува и во делот за Консалтинг, со изработени и одобрени над 20 функционални анализи.

Ни овој успех не е случаен, тимот на ДТКУУ ВЕЛ ДОМ ДООЕЛ Велес – Консалтинг го сочинува лиценциран и обучен кадар од областа на правото и економијата.

За дополнително да Ве увериме што се’ има постигнато нашата компанија во овие 2 години постоење, сакаме да Ве известиме дека Ви нудиме и можност за изработка на планови за евакуација како и план за заштита и спасување. Исто така нудиме и услуги од областа на работните односи, односно Ви нудиме и помош при изработка на актите кои ги опфаќаат работните односи, како Договори за вработување, волонтерски Договори, Договори на дело, Решенија за јубилејни награди, Решенија за годишни одмори, Решенија за изрекување санкции, Спогодби за раскинување на Договори за вработување, Анекс-Договори за вработување, како и Одлуки со отказен и без отказен рок.

Задоволни клиенти се нашиот прв приоритет, па за таа цел на располагање Ви е нашиот тим, составен од успешни и ефикасни вработени, кои се подготвени за соработка, критики и предлози

Дозволете ни да бидеме дел од Вашиот успех.